АЗ Алкмар е четврти во холандскиот елитен шампионат.
Но, тој покажа многу повеќе во четвртокот вечерта против лидерот на турската Суперлига Галатасарај.
АЗ Алкмар го „уништи“ Галатасарај за да направи голем чекор кон 1/8-финалето во Лига Европа, по победата од 4:1.
Свен Мијнас во 12. минута погоди за 1:0, додека осум минути подоцна Роланд Салаи го израмни резултатот.
Трој Парот го врати водството на домашните, додека ситуацијата на турската екипа стана потешка кога Каан Ајхан беше исклучен со втор жолт картон во 51. минута.
Тоа го искористија Холанѓаните кои погодија со Џорди Класи во 58 и Дејвид Молер Волф во 66 минута.
Реваншот се игра за една недела во Истанбул, но ќе биде многу тешко за турскиот тим.