Атлетико Мадрид ги собра сите бодови во натпреварот валиден за 26. коло од Ла Лига за да стане лидер на табелата.
Атлетико во саботата вечерта на домашен терен тесно го совлада Атлетик Билбао со резултат 1:0.
Победничкиот гол за домашната екипа го постигна Џулијан Алварез во 66. минута на асистенција на Маркос Љорентес.
Атлетико заедно со Барселона и Реал Мадрид оваа сезона напорно конкурираат за шампионската титула. Избраниците на Диего Симеоне моментално имаат 56 бодови и се први на табелата. Барселона, која има 54 бода, во недела игра со Реал Сосиедад. Реал Мадрид и понатаму е трет со 54 бодови.