Астон Вила забележа уште една многу важна победа во англиската фудбалска елита.
Тимот предводен од тренерот Унаи Емери ја забележа деветтата последователна победа во сите натпреварувања, откако гостуваше кај Вест Хем Јунајтед со 3:2.
Матеус Фернандес и Џарод Бовен ги постигнаа головите за домаќините, додека гостите победија благодарение на автоголот на Константинос Мавропанос и двата гола на Морган Роџерс во второто полувреме.
Астон Вила се зацврстува дополнително на третото место со 33 бода, само три помалку од лидерот Арсенал и еден помалку од второпласираниот Манчестер Сити.
Вест Хем останува на 18-та позиција со само 13 бода. Неделниот натпревар беше во рамките на 16-тото коло од Премиер лигата.