Арсенал се врати по шокантниот пораз од Саутемптон во ФА Купот, со победа од 1-0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Спортинг.
Не беше најдобрата ноќ за „топџиите“, кои сепак успешно ја завршија задачата.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеСега тие го насочуваат вниманието кон Премиер лигата каде што се стремат кон следниот чекор кон шампионската титула.
Борнмут гостува на „Емирати“. Овој тим нема пораз во последните 10 натпревари, со седум нерешени резултати и три победи.
Арсенал е лидер со 70 бода, девет повеќе од Манчестер Сити кој има еден одигран натпревар помалку.
Натпреварот Арсенал – Борнмут се игра во сабота во 13:30 часот и е дел од 32-то коло.
Следниот ден, во недела, се игра дербито помеѓу Челзи и Манчестер Сити, со почеток во 17:30 часот.
Челзи е шести со 48 бода и се стреми кон место во Лигата на шампионите.
Сити е во добра форма, по победата над Ливерпул во ФА Купот, и со самодоверба патува на Стемфорд Бриџ.
Сити мора да победи за да има каква било надеж за освојување на титулата. На 19 април играат директен натпревар против Арсенал на стадионот „Етихад“.
Ливерпул, во резултатска криза, го игра дербито на „Мерсисајд“ во недела од 15:00 часот на гостински терен против Евертон.
Ливерпул е на петтото место со 49 бода, еден повеќе од Челзи. Евертон е на осмото место со 46 бода.