Трката за титулата е речиси завршена во Премиер лигата по ремито на Арсенал против Кристал Палас. Нерешено 2:2 заврши натпреварот Арсенал – Кристал Палас во рамките на 34-та недела од англиската Премиер лига. До крајот остануваат уште четири натпревари. А, Арсенал останува 12 бода зад лидерот Ливерпул во трката за титулата. Арсенал е на второто место со 67 бодови. Кристал Палас 12-ти со 45 бодови.
Јакуб Кивиор уште во третата минута му донесе водство на Арсенал од 1-0. Еберечи Езе израмни во 27. минута, додека на три минути до крајот на првиот дел Арсенал повторно поведе.
Леандро Тросард го постигна голот за 2:1, резултат со кој заврши првото полувреме. Но на седум минути пред крајот на натпреварот Кристал Палас го израмни резултатот. Стрелец на 2:2 беше Жан-Филип Матета.