Аргентина и покрај тоа што остана без повредениот Лионел Меси, успеа да забележи нова победа во квалификациите за СП 2026 година.
Во петокот „албицелесте“ убедливо со 3:0 го совлада Чиле. Тоа беше шеста победа во седум квалификациски меча досега.
Алексис Мекалистер во 48. минута, Џулијан Алварез во 84. и Пауло Дибала во дополнителните минути погодија за победа на Аргентинците.
Аргентина води на табелата за квалификациите за СП 2026 во Јужна Америка, со 18 бодови од седум натпревари. Чиле е на претпоследното место со пет бода. Од 10-те селекции, шест обезбедуваат директен билет за Светското првенство, додека седмата игра во плеј-офот.
По четири дена, Аргентина гостува во Колумбија, додека Чиле ќе цели кон Боливија.