Англија ја забележа следната победа во квалификациите за Светското првенство во 2026 година Во понеделникот вечерта на Вембли, Англија победи со 3:0 против Летонија. Рис Џејмс погоди за 1:0 во 38. минута. Капитенот Хари Кејн погоди за 2:0 во 68. минута.
Третиот гол за Англичаните го постигна Еберечи Езе во 76. минута.
Пред три дена во истата арена Англија забележа победа од 2:0 над Албанија. Води во групата со шест бода, а Албанија и Летонија имаат по три.
Следниот натпревар на Англија е на 7 јуни против Андора.