Љубителите на фудбалот видоа поинаква страна на новиот тренер на Баерн Минхен, Винсент Компани, откако беше емитуван документарен филм од зад сцената за неговото време во Барнли.
Дури и како играч делуваше смирено и сталожено. Но, документарниот филм на Sky Mission to Burnely покажува друга страна на Белгиецот. Објавеното видео предизвика сензација.
Во клип, кој веќе стана вирален, Компани, кој го напушти Барнли претходно ова лето по испаѓањето од Премиер лигата, се гледа како го пцуе Јохан Берг Гудмундсон 15 пати за помалку од една минута.
„Џои, не ме тестирај“, вика Компани. „Не ме тестирај. Доста е со кукањето. Играј фудбал. За се треба да се работи“, се дел од зборовите кои се слушаат од Компани пропратени со пцовки.
Гудмундсон го враќа за момент. „Само реков дали можеме да го завршиме нападот“.
Но Компани е огорчен од одговорот на играчот. „Се жалите за се.
ВИДЕО:
Гудмундсон, како што се гледа на видеото, ја продолжува репликата со тренерот. „За што се пожалив денес?
Компани потоа повторно продолжува со галамата. Компани престанува да му вика на Гудмундсон и продолжува да мрмори во себе.
Имаше и коментари од најразличните за однесувањето на Компани. Се смета за страшно да се биде понижуван и навредуван пред сите. Имаше и други коментари кои оценија дека Компани создал токсична средина во клубот.
Компани го напушти клубот во мај како изненадувачки избор на Баерн да го замени Томас Тухел.