Арбр Зенели забележа уште една асистенција за Елфсборг во овогодинешното издание.
Шведскиот Елфсборг во четвртокот вечерта ремизираше 1:1 на гостувањето кај хрватска Риека, во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лига Европа.
Зенели, кој го комплетираше натпреварот, асистираше при голот за 1:0 на гостите во 24. минута.
Неговиот помлад брат Бесфорт Зенели играше само во првото полувреме.
Стрелец за домаќините беше Линдон Селахи во 73. минута.
Реваншот се игра за една недела.