Францускиот напаѓач Карим Бензема во понеделникот во интервју за „Марка“ го откри својот фаворит за Златната топка за 2024 година.
Бензема го поддржува Бразилецот Винисиус Јуниор да ја освои Златната топка, најдобриот индивидуален трофеј во фудбалот.
„Ќе кажам Винисиус затоа што тоа го заслужи минатата сезона. Но, не само за тоа, туку и за она што го направи сезоната пред него. Беше над другите, комплетен фудбалер е. Тој може да победи сам. Секако, со помош на соиграчите, но тој е многу добар кога му треба на Реал и затоа ја заслужува Златната топка. Секогаш се појавува кога треба. „Вини ми е омилен“, изјави Бензема.
Бразилецот Винисиус минатата сезона со Реал Мадрид ги освои Лигата на шампионите и Ла Лига. На 39 натпревари со дресот на „лос бланкос“ постигна 24 гола и 11 асистенции. Со претставникот на Бразил во Купот на Америка испадна во четвртфиналето.