Прекинаа разговорите меѓу Манчестер Сити и саудискиот клуб Ал-Наср за бразилскиот голман Едерсон. Тимот предводен од Пеп Гвардиола ја одби понудата од 30 милиони евра која Ал-Наср ја направи за Бразилецот.
Сити бара 60 милиони евра за да го ослободи 30-годишниот фудбалер. Во случај на неуспех на трансферот на Едерсон, тимот на Кристијано Роналдо ќе се обиде да го доведе голманот Бенто од Атлетико Паранаенсес.
Едерсон е дел од Сити од 2017. Во англискиот шампион дојде од Бенфика за 40 милиони евра.
Со репрезентативецот на Бразил, Едерсон настапи на 25 натпревари.