Напаѓачот Серху Гираси успешно ги заврши медицинските тестови на германскиот тим, Борусија Дортмунд. Гираси во четврток ќе биде претставен во елитното друштво на Бундеслигата, објави во вторник францускиот медиум „Л’Екип“.
Во Дортмунд се очекува фудбалерот од Гвинеја да се пресели од Штутгарт.
Гираси се гледа како замена за Германецот Никлас Фулкруг, кој се очекува да го напушти германскиот тим во овој преоден рок.
28-годишниот фудбалер имаше добри настапи со Штутгарт во изданието 2023/2024 година. Во сите натпреварувања постигна 30 гола и имаше три асистенции. Со Штутгарт, Гираси има договор до 2026 година.