Винсент Компани и официјално е назначен за тренер на германскиот тим Баерн Минхен.
Соопштението беше објавено во средата на официјалната Фејсбук страница на Бундеслигата.
38-годишниот фудбалер потпиша договор со германскиот тим на три години. Белгиецот, некогаш дефанзивец, е наследник на Томас Тухел.
Баерн заврши на третото место во сезоната 2023-2024 со 72 бода, еден зад второпласираниот Штутгарт.