ФИФА Евро 2024 KOHA.net

фудбал

Ова е рекордот што го постигна Гасперини

Аталанта

Блесокот на актуелното издание Аталанта го комплетираше со триумфот во Лига Европа.

Аталанта го „уништи“ Леверкузен во средата навечер со 3:0 во Даблин.

Со оваа победа на Аталанта беше прекината и долгата серија на Леверкузен без пораз.

Леверкузен пред овој дуел имаше 42 победи и 9 нерешени.

Сепак, архитект на успехот на Аталанта се смета за тренерот Џан Пјеро Гасперини.

„Тренерот на Аталанта Гасперини го освојува својот прв европски трофеј на 61-годишна возраст. Тој е најстариот тренер кој првпат во кариерата прави такво нешто“, напиша во средата вечерта медиумот „20мин“.

Навивачите на Леверкузен беа вознемирени од длабокиот пораз, но го респектираа својот тим и противникот.

Тие продолжија да останат на стадионот.

Во Серија А, Аталанта има уште два натпревари да одигра, против Торино и Фиорентина.

Во меѓувреме, Леверкузен има уште еден натпревар во тековното издание.

Во сабота игра во Берлин против Кајзерслаутерн во финалето на Купот на Германија.