KOHA.net

фудбал

Авдијај е прогласен за најдобар во последната недела во Австрија

Донис Авдијај

Донис Авдијај е прогласен за најдобар играч на последното коло во австриската Бундес лига. Напаѓачот на Харберг постигна гол во победата од 3:0 над Рапид Виена, а беше пофален и за добриот настап во 32. коло.

Тој на отвореното гласање на познатиот австриски сајт „Лаола“ доби 53 отсто од гласовите. Зад себе го остави фудбалерот на Штурм Грац, Грегори Вутрих.

На 25 натпревари во австриската Бундес лига, Авдијај постигна 12 гола и шест пати асистираше.

Хартберг се зацврсти на четвртото место со 28 бодови, позиција која ги обезбедува квалификациите во Лига Европа. Авдијај е еден од потенцијалните играчи за враќање во Косово на јунскиот собир.