Галатасарај победи со гол во 90. минута и се доближи до титулата шампион во Турција.
Во неделата вечерта Галата победи со 3:2 на гостувањето кај Карагумрук.
Стрелец на голот за три поени беше Беркан Кутлу во 90. минута.
Фатих Карагумрук поведе со 1:0 со голот на Рајан Мендес. Бариш Јилмаз во дополнителните минути од првото полувреме и Дрис Мертенс во 70. минута погодија за 2:1 во корист на Галата. Маркос Алвеш погоди за 2:2 во 83. минута.
На две кола пред крајот Галатасарај има 99 бода, шест повеќе од Фенербахче.
Во следното коло е дербито одлично Галатасарај - Фенербахче. Доколку избегне пораз, Галата се прогласува за шампион.
Фенербахче во неделата забележа победа од 3:0 над Кајзериспор.