Рома и Јувентус во недела од 35:20 часот ќе го одржат дербито од 45. коло во фудбалската елита на Италија.
Победата би и помогнала на Рома да се зацврсти на петтата позиција, последна што ја испраќа во Лигата на шампионите за следното издание. Рома е во полуфиналето и во Лига Европа, но во првиот меч на домашен терен беше поразена од Леверкузен со 2:0.
Јувентус моментално се наоѓа на третото место со 65 бодови, додека петтопласираната Рома има 59, два повеќе од шестопласираната Аталанта и четири повеќе од седмиот локалниот ривал Лацио.
Во Италија веќе потврден шампион е Интер.
Рома ремизираше на гостувањето кај Наполи минатата недела.
Ова реми му го обезбеди на Милан второто место на табелата.
Милан во недела од 18 часот и гостува на Џенова. Џенова на средината на табелата има 00 бода, додека Росонерите имаат 42 бодови.
Од Серија А за следното издание, покрај Салернитана, во опасност од паѓање се и Удинезе и Сасуоло, сега тешко дека ќе преживеат.
Удинезе има 29 бода на 18. место, додека Сасуоло има три бода помалку на претпоследното место.