Рома во четвртокот објави дека тренерот Даниеле де Роси ќе биде на чело на тимот и следната сезона.
„По состанокот со Де Роси во средата попладне, со задоволство можеме да објавиме дека тој ќе продолжи да ја тренира Рома и по сезоната 2023/24“, се вели во соопштението на сопствениците на клубот Дан и Рајан Фридкин.
Тие не прецизираа колку ќе трае новиот договор на Италијанецот, но најавија дека повеќе детали ќе бидат откриени во наредните денови.
Де Роси на почетокот на јануари го замени Жозе Мурињо на клупата на Рома, а потоа потпиша договор до крајот на сезоната.
Рома во тој момент беше деветта во Серија А, додека сега е петта и се бори за место во Лигата на шампионите.
Под водство на Де Роси, Рома забележа 11 победи, три нерешени и два порази во 16 натпревари во сите натпреварувања.
Единствениот пораз во Серија А, Де Роси го доживеа против Интер, а вториот против Брајтон со 1:0 во реваншот од 1/16 од Лигата на Европа, но откако Рома убедливо го доби првиот натпревар со 4:0.
Фудбалерите на Рома вечерва по победата од 1:0 во првиот натпревар ќе му гостуваат на тимот на Милан во реваншот од четвртфиналето на Лига Европа.