KOHA.net

фудбал

Турција со странски судии во ВАР-салата

var

Турската суперлига во фудбал ќе назначи странски судии во ВАР за решавачките натпревари до крајот на сезоната. Ова во петокот го соопшти турската фудбалска федерација.

Натпреварувањето во Суперлигата во последните месеци беше нарушено со насилство и сомнителни судиски одлуки. Во декември, еден судија беше удрен од претседател на клубот. Загриженост за работата на судиите во силната конкуренција за титулата изрази и Фенербахче.

Фенербахче е втор на табелата. Има два бода помалку од Галатасарај.

„Како резултат на преговорите на турската федерација со УЕФА и пет европски федерации, за натпреварите од 32. коло до крајот на првенството ќе бидат назначени странски ВАР судии“, соопшти турската федерација.

Помошни судии во ВАР ќе бидат од Италија, Шпанија, Германија, Холандија и Португалија.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО: