Напаѓачот Лерој Сане немаше многу простор во германскиот претставник во натпреварите од групната фаза на „Евро 2024“. Играше како замена.
Сане во вторникот на прес-конференцијата истакна дека повредата заработена во Баерн се одразила на настапите во Германија.
„Не знаев колку долго ќе трае опоравувањето. Но, јас сум тука и среќен сум што се опоравив и подготвен сум за Европското. Повредата се уште не е целосно исчезната, но е многу подобра од претходно. Веќе не ме боли и тоа е одлично. Порано кога имав натпревар ми требаа пет-шест дена да се смират болките, но веќе го немам тој проблем“, изјави Сане.
Сане стартуваше за Германија во осминафиналето против Данска.
Германија во четвртфиналето ќе се сретне со Шпанија. Натпреварот ќе се одигра во петок во Штутгарт.