Француските медиуми во саботата пишуваа дека Кигсли Коман привремено го напуштил кампот на Франција бидејќи станал татко по четврти пат.
Напаѓачот на Баерн Минхен ќе отпатува за Шведска, објави во саботата медиумот „RMC Sport“.
Но, се очекува Коман да се врати во Франција навреме за осминафиналето против Белгија во Дизелдорф в понеделник.
Коман играше малку на ЕП во Германија.
Тој не стартуваше во ниту еден од првите три натпревари.
Како замена играше од 75. минута во вториот натпревар во групата против Холандија.