Големиот шпански весник „Марка“ во пресрет на мечот со Шпанија на „Евро 2024“ посвети долг текст на албанската репрезентација.
„Албанија, тимот со десет знамиња“ е насловот на статијата.
Марка пишува дека Силвињо избрал играчи родени во девет различни земји: Албанија, Швајцарија, Северна Македонија, Косово, Германија, Грција, Италија, Англија и Шпанија.
„Иван Балиу е роден во Шпанија. И ќе имаше десет знамиња, бидејќи Косоварите се родени пред Косово да ја прогласи својата независност во 2008 година“, пишува големиот шпански весник.