Италија е во финалето на „Евро 2020“ каде ќе се соочи со Англија, но Серија А веќе го освои турнирот благодарение на 36 гола на своите играчи, наспроти 29 од оние од Премиер лигата. Финалето меѓу Италија и Англија ќе се одигра во недела од 21 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Што се однесува до 129-те постигнати голови на ЕП 2020, најмногу ги постигнаа играчите од Серија А, а Аталанта е најефикасен клуб во овој поглед. По Серија А, следува Премиер лигата со 29 гола, а потоа Бундеслигата со 28 постигнати голови. Фудбалерите на Ла Лига придонесоа со девет гола, играчите од Лига 1 со седум и играчите од португалската лига со три гола.
Оние од лигата на Белгија, Холандија, Русија, Хрватска и второлигашот на Англија, запишаа по два гола. Додека, еден гол постигнаа фудбалери од други лиги, како Турција, Унгарија, Шкотска, Словачка, Чешка, Украина и кинески клубови.