Менаџерот на Арсенал, Микел Артета вели дека „силниот карактер“ на Букајо Сака ќе му помогне да го игнорира расистичкото насилство што го претрпе по поразот од Англија во финалето на ЕП 2020. Сака претрпе гнасни расистички подбивања на социјалните мрежи откако го промаши пеналот со кој беше запечатена победата на Италија со 3-2 над Англија во неделното финале на Вембли.
Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо добија и навредливи пораки откако не успеаја да реализираат гол од белата точка.
Сепак, Артета разговараше со Сакан и е убеден дека 19-годишниот нема да биде погоден.
„Да, зборував. Мислам дека сите разговаравме и му праќавме пораки. Тој ќе биде добро. Тој е силен карактер. Доби многу љубов и поддршка од светскиот фудбал, бидејќи не го заслужува тоа што му го направија“, изјави Артета.