KOHA.net

евра 2020

Фудбалерите на Јуве постигнаа најмногу голови на „Евро 2020“

На 11 јули заврши Европското фудбалско првенство, а за шампион беше прогласена Италија.

Покрај највредниот трофеј, Италија може да се гордее и со најголем број постигнати голови од играчи кои настапуваат во италијанските клубови, пренесе „Скај Спортс“.

Јувентус е тимот кој има најмногу играчи кои постигнале на „Евро 2020“, вкупно пет играчи кои постигнале вкупно 12 гола.

Роналдо со 5 гола е прогласен за најдобар стрелец на ЕП. Алваро Мората постигна 3 гола кај Шпанија, Федерико Киеза двапати со Италија, а Леонардо Бонучи со Италија и Арон Ремзи од Велс постигнаа по еден гол.

Второто место го држат Интер и Манчестер Сити, со осум постигнати голови на нивните играчи.

Четврта е Аталанта каде пет играчи постигнаа седум гола.

Аталанта го израмни рекордот на Реал Мадрид, Андерлехт и Барселона со пет различни играчи кои постигнаа голови во Европа.

Петтото место го држи Лајпциг со 6 гола, кои дојдоа од двајцата играчи на овој тим Форсберг и Поулсен.