Навивачот кој го иритира Леон Горецка со гласни скандирања се појави и во Соединетите Американски Држави, каде што Германија ќе игра на Светското првенство.
Овој навивач го следи Горецка насекаде и стана вирален по извиците што ги прави кога ќе го види германскиот играч од средниот ред.
Тој се појави и во тренинг-кампот на Германија и повторно гласно го повика Горецка, пишува хрватски „Индекс“.
Германецот го игнорираше и не му проговори, но од снимката беше јасно дека не е задоволен од ваков вид поддршка.
Овој навивач му се појавува на Горецка на натпревари, тренинзи и јавни настани. Сè започна како шега, но се претвори во вирално видео на интернет.
Goretzka'yı çıldırtan adam Dünya Kupası'nda da sahnede! pic.twitter.com/j3a7OdAbHS
— СПОР (@yenisafakspor) Јуни 8, 2026
-
Неверојатно е колку пари потрошија навивачите на Аргентина за Светското првенство
-
ФИФА ги објави бројките за говорот на омраза на Светското првенство
-
Навивачите на Аргентина се тепаат меѓусебно
-
Фудбалер добива закани со смрт по елиминацијата од Светското првенство, одбива да се врати во својата земја
-
Белгија доминира во контроверзен натпревар, се пласира во четвртфиналето