Американски функционер изјави дека на сомалискиот судија Омар Артан му е одбиен влез во САД поради неговата „поврзаност со осомничени членови на терористички организации“.
34-годишникот, кој беше судија на Африканскиот куп на нации во 2025 година, беше приведен на аеродромот во Мајами и сега се врати во својот дом во Сомалија.
„Ова лице се обидело да влезе во САД. По понатамошна проверка од страна на Царинската и граничната заштита, откриени се информации, вклучително и врски со осомничени членови на терористички организации, што го прави патникот неподобен за влез во САД“, изјавил извор од администрацијата на Трамп, пренесува Би-Би-Си.
Артан беше пречекан како херој во Сомалија. Тој требаше да биде првиот судија во земјата на Светското првенство.
-
Судија на кој му беше забранет влез во САД доби херојски пречек во Сомалија
-
На судијата на Светското првенство му е забранет влез во САД
-
ФИФА ќе му плати на сомалискиот судија
-
Артан многу разочаран: Мојот животен сон беше уништен
-
Судијата на кој му беше забранет влез во САД го доби Европскиот Суперкуп