Германија претрпе голем удар со повредата на ѕвездата во подем Ленарт Карл, кој веќе го напушти тренинг кампот за Светското првенство.
18-годишникот се повреди на последниот тренинг на Германија пред пријателскиот натпревар против САД. Местото на Карл го зазеде Асан Уедраого, кој игра за Лајпциг.
Соиграчот од репрезентацијата на Германија, Дениз Ундав, даде детали за тоа како се случила повредата на Карл. Тој претрпел повреда на мускулот.
„Се случи за време на еден шут, токму во последната акција од последниот тренинг. Кога го допре тој дел, сфативме дека нешто не е во ред. Кога стигнаа резултатите, секако дека ни беше жал за него. Тој е играч на високо ниво и има светла иднина. Вакви работи се случуваат додека му посакуваме се најдобро“, изјави, меѓу другото, Ундав за „Скај“.
Карл одигра 40 натпревари за Баерн оваа сезона, постигна девет гола и имаше осум асистенции.