Фудбалската легенда Златан Ибрахимовиќ вели дека мароканската ѕвезда Ашраф Хакими заслужила да биде исклучен на натпреварот против Бразил.
Тој за „Фокс спортс“ изјави дека мароканскиот дефанзивец „невнимателно го допрел глуждот на Винисиус“.
„Кога ја видов снимката, мојата прва реакција беше едноставна - судијата требаше да го исклучи. Не станува збор за репутација или време на натпреварот, туку за безбедноста на играчот. Напаѓачот го помина, опасноста беше очигледна и интервенцијата на Хакими беше предоцна“, рече Ибрахимовиќ.
Словенечкиот судија Славко Винчиќ беше жестоко критикуван за начинот на кој го водеше натпреварот.
Натпреварот помеѓу Бразил и Мароко заврши 1:1.