Украина е „подготвена да работи“ за да стане полноправна членка на Европската унија, изјави во четвртокот украинскиот претседател Володимир Зеленски по состанокот со четворицата лидери на ЕУ во Киев.
На прес-конференција во главниот град на Украина, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанскиот премиер Марио Драги и романскиот претседател Клаус Јоханис јавно ја поддржаа кандидатурата на Киев да се приклучи на блокот, објави во четвртокот Би-Би-Си.
Лидерите на ЕУ следната недела ќе одржат самит на кој апликацијата на Киев да стане кандидат за членство најверојатно ќе добие зелено светло.
„Украинците веќе го стекнаа правото да го следат овој пат и да добијат кандидатски статус“, рече Зеленски.