Премиерот на Македонија Зоран Заев синоќа изјави дека се надева оти Скопје и Атина наскоро можат да најдат решение за деценискиот спор за името.
Грција тврди дека името Македонија имплицира територијални претензии кон грчки регион со истото име и поради ова прашање ги блокира напорите на Македонија за влез во НАТО и Европската унија.
„На 20 и 21 ноември ќе се одржи првата средба со пратеникот на Обединетите нации, Метју Нимиц и се надевам дека ќе најдеме решение и нема да го одложуваме“, изјави синоќа премиерот Зоран Заев во Љубљана, по средба со премиерот на Словенија, Миро Церар, пренесува агенцијата Ројтерс.
Премиерот Заев рече дека се надева оти следната година ќе почнат разговорите за влез во Европската унија.
Средбата со грчката страна во ноември ќе биде прва откако Зоран Заев е премиер на Македонија.