KOHA.net

СВЕТОТ

Статуа на Меланија Трамп украдена во Словенија

Статуа на Меланија Трамп

Полицијата во Словенија започна истрага откако бронзена статуа на првата дама на САД, Меланија Трамп, беше отстранета од нејзиниот роден град.

Скулптурата беше откриена во 2020 година за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, во градот Севница, каде што е родена Меланија Кнавс во 1970 година.

Бронзата ја замени дрвената статуа што беше изгорена претходно истата година.

Портпаролката на полицијата, Аленка Дреник Рангуш, изјави дека полицијата била известена во вторник за кражбата на статуата и дека продолжуваат напорите за расветлување на случајот.

Според словенечките медиуми, статуата била отсечена кај нозете и отстранета.