Венеција, која годишно ја посетуваат 24 милиони туристи, на посетителите ќе им наплатува данок до 10 евра.
Надоместокот ќе варира од 2.50 до 10 евра по лице, во зависност од тоа дали посетителите доаѓаат во туристичката сезона или не, пренесува Ксп.
Градоначалникот Луиџи Брунјаро објасни дека парите ќе бидат искористени за покривање на високите трошоци за одржување и чистење на градот.
Новата мерка беше одобрена од италијанската влада, со цел да се носат десетици милиони евра годишно во градот за светско наследство.
Поради необичната географија на Венеција - мрежата на канали и пешачки улици - услугите како отстранување на отпад се и до 40 отсто поскапи отколку во другите италијански градови.