Американскиот Стејт департмент објави дека привремената забрана на претседателот Трамп за влез во САД за патници од шест земји со мнозинско муслиманско население ќе стапи на сила 72 часа по одлуката на Врховниот суд.
Тоа, како што пренесува РЕЛ, значи дека мерката ќе стапи на сила од утрото на 29 јуни.
Портпаролката на Министерството, Хедер Науерт, рече дека американската влада ќе ги извести луѓето кои патуваат во Соединетите држави за дополнителни детали и одредби од забраната во догледно време.
Трамп ја нарече одлуката на Врховниот суд „јасна победа за нашата национална безбедност“.
Врховниот суд на 26 јуни донесе одлука за 120-дневна забрана за влез во САД за сите бегалци, како и 90-дневна забрана за посетители од Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.
исто така
САД почнаа да го забрануваат влезот на патници од 6 земји со мнозинско муслиманско население
Но, според пресудата, забраната нема да важи за посетителите кои имаат „добронамерна врска со некого во САД“.
Противниците на Трамп рекоа дека забраната ги дискриминира муслиманите и е во спротивност со Уставот на САД.