KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СВЕТОТ

Браќата милијардери против Трамп

Чарлс и Дејвид Кох, милијардерите и моќните американски браќа, финансираат мултимилионска кампања против трговските царини на претседателот Доналд Трамп.

Три политички групи поддржани од браќата велат дека ќе користат рекламирање, лобирање и кампањи од грасрут за да ги промовираат придобивките од слободната трговија.

Браќата Дејвид и Чарлс ја водат Кох индустрис, една од најголемите приватни фирми во светот. Нивниот потег доаѓа само неколку дена откако Трамп воведе царини за увоз на челик и алуминиум од ЕУ, Канада и Мексико.

Компанијата на двајцата браќа има интереси на многу полиња, од нафтоводи до хартија за бироа. Според веб-страницата Кох индустри, за милиони Американци зборовите браќа Кох и политичкиот активизам одат рака под рака. Во минатото, браќата Кох финансираа групи кои ги негираат климатските промени и ги напаѓаат синдикатите и работничките права, но исто така се залагаа за реформи во правдата и даваа колосални донации на Американската унија за граѓански слободи. Аналитичарите велат дека Трамп и браќата Кох не се природни ривали, но решителната интервенција на претседателот во трговијата се чини дека прилично влијаела на нивните интереси.

Политичките групи финансирани од браќата бараат од претседателот да ги укине новите тарифи. Нивната милионерска кампања покажува длабока загриженост меѓу деловните групи, традиционално поддржувачи на републиканците, за новите тарифи.