Познатата американска радио личност Раш Лимбо почина на 70-годишна возраст.
Неговата смрт ја објави неговата сопруга Кетрин Адамс, токму додека се емитуваше неговата емисија денес. Тој боледувал од рак на белите дробови, пишува АП.
Лимбо го подигна својот профил во американското конзервативно движење низ годините. Тројца американски претседатели учествуваа во неговото шоу додека тој го освои и Претседателскиот медал на слободата во 2020 година.
Тој беше познат како контроверзна и влијателна личност, која во текот на неговата кариера искажуваше расистички, сексистички и хомофобични ставови.
Лимбо беше и еден од гласовите со најголема поддршка на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој дури и го одликуваше со највисоката награда во САД.