Кардиналите во Ватикан ќе се состанат во вторник за да одлучат кога телото на папата Франциско ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар.
Ватикан претходно најави дека овој трансфер би можел да се случи во среда наутро (23 април). За смртта на папата Франциско ќе биде прогласена деветдневна жалост, јави Би-Би-Си.
Неговиот тестамент беше објавен во понеделникот.
За причините за неговата смрт зборуваше и Ватикан.