Вооружените војници и полицајци на Бурма го користат TikTok за да им се закануваат на демонстрантите против пучот со смрт, протести кои траат од почетокот на февруари оваа година.
Сепак, кинеската видео апликација објави дека ја отстранува секоја содржина која поттикнува насилство, пишуваат странските медиуми.
Групата за дигитални права во Бурма објави дека на TikTok пронашла повеќе од 800 видеа од армијата преку кои им се закануваат на демонстрантите, додека само на протестите во текот на вчерашниот ден загинаа 38 демонстранти.
Некои видео снимки кои кружеа порано покажуваат вооружен војник кој вели дека ќе пука во секој што ќе му се најде на патот.
„Ќе го пребарам целиот град и ќе пукам во секој што ќе видам...ако сакаш да станеш маченик, тој ќе ти ја исполни желбата“, изјавил неидентификуван војник на ова видео.
исто така
YouTube ги отстранува бурманските воени канали од платформата
Тик-Ток е најновата социјална платформа која страда од широко распространето поттикнување насилство во Бурма.
Американскиот технолошки гигант Фејсбук веќе ги блокираше сите страници поврзани со бурманската војска.