Украинската воздушна одбрана ги собори сите 14 беспилотни летала што Русија ги лансираше во текот на ноќта, соопшти украинската војска на 17 август.
Беспилотните летала „Шахед“ - од иранско производство - беа соборени над шест украински региони, вклучително и над областите во близина на главниот град на Украина, Киев, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили објавени на Телеграм.
Нема информации за жртви од нападите со беспилотни летала и ракети што Русија ги изврши во текот на ноќта во Украина.
Украинската војска исто така соопшти дека беспилотните летала биле лансирани од руската област Курск. Во овој регион од 6 август Украина врши упад.
Украинската армија досега тврдеше дека презела контрола над 82 населени места на површина од 1.150 километри од овој руски регион./ REL