Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во саботата вети одмазда откако двајца американски војници и еден американски цивил беа убиени во напад во Сирија, за кој САД ја обвинија Исламска држава.
Овој напад, кој е прв извршен против американските трупи во Сирија по соборувањето на поранешниот претседател Башар ал-Асад пред две години, претседателот Трамп го нарече дело на ИСИС.
Централната команда на САД објави во соопштение на платформата X дека од почит кон семејствата и во согласност со политиките на Министерството за одбрана, идентитетот на жртвите нема да биде објавен во рок од 24 часа.
Во соопштението од оваа команда се наведува и дека лицето одговорно за нападот е убиено.
И главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, рече дека цивилот убиен во овој напад бил американски преведувач.