Идниот американски претседател Доналд Трамп продолжува да го формира својот кабинет за неговиот втор мандат во Белата куќа.
Тој неодамна објави дека го избрал поранешниот вршител на должноста јавен обвинител Мет Витакер за амбасадор на САД во НАТО.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеТрамп со години изразува скептицизам за западната воена алијанса.
Тој во изјавата од средата рече дека Витакер е „силен борец и лојален патриот кој ќе се погрижи интересите на Соединетите Држави да бидат унапредени и заштитени, да ги зајакне односите со нашите сојузници во НАТО и да остане непоколеблив во лицето на заканите за мирот и стабилноста. “, пренесува АП.
Изборот на Витакер за претставник на земјата во Организацијата на Северноатлантскиот договор е необичен избор, со оглед на неговото потекло како правник, а не во надворешната политика.