За време на кратката изјава на тревникот во Белата куќа, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, уште еднаш ги коментираше тензиите со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Тој изјави дека средбата не поминала според планираното и оти Зеленски дејствувал со поголема доверба отколку што е потребно.
„Тој сака да се бори, да се бори, да се бори“, рече Трамп, мислејќи на тензичната претходна средба со Зеленски.
Трамп, исто така, додаде дека прекин на огнот може да се постигне веднаш, но Зеленски мора да каже дека сака мир ако сака да продолжи со разговорите.