Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли резултатите од последните анкети, кои му даваат водство на неговиот демократски ривал Џозеф Бајден.
„Прво и основно, јас не губам, бидејќи тие анкети не се поврзани“, изјави тој за американската телевизија Фокс њуз.
Според последното истражување, 49 отсто од граѓаните би гласале за Бајден, додека 41 отсто за Трамп, јавуваат меѓународните новински агенции.
„Бајден не е во состојба да спои две реченици“, додаде Трамп.
„Не сакам да кажам дека тој не е погоден за претседател. Сепак, претседателот мора да биде одлучен и многу повеќе“, рече меѓу другото американскиот претседател.
Претседателските избори во САД се одржуваат во ноември.
Слични статии
-
Бајден и Трамп се гризат, се вжештува трката за претседателските избори во САД
-
Ситуацијата се влошува за Бајден, Трамп може да победи во трката за претседател
-
Доналд Трамп потврдува дека нема да биде дел од претседателските дебати
-
Трамп губи од Бајден и на Твитер
-
Трамп сигнализира дека е подготвен да се откаже од Белата куќа