Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот потпиша извршна наредба со која започнува процесот на укинување на Министерството за образование во САД, исполнувајќи едно од неговите предизборни ветувања, јавува Си-Ен-Ен.
За време на потпишувањето на наредбата, американскиот претседател беше опкружен со мали деца кои седеа во близина на неговото биро во Белата куќа. Овие деца, кои ја претставуваа следната генерација ученици, учествуваа во инсцениран момент каде потпишуваа и писма во папка, имитирајќи ја постапката на претседателот.
„Им даваме моќ на родителите и локалните училишта да одлучуваат за образованието на нашите деца“, рече Трамп по потпишувањето на наредбата.
„Одделот за образование долго време е запоставена институција и неспособна да одговори на реалните потреби на студентите“, додаде тој.
Американскиот претседател го нарече Министерството за образование извалкано од либералната идеологија. Белата куќа соопшти дека Одделот засега нема да биде целосно затворен. Ќе задржи некои критични функции, како што се управување со федерални студентски заеми и разни грантови.
Но, конечното распуштање на Одделот може да се постигне само со одобрение од Конгресот.