Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот потпиша план за зголемување на американските царини за да одговараат на даночните стапки што другите земји ги наплаќаат за увоз од САД, пренесува АП.
Одлуката на американскиот претседател најверојатно ќе предизвика нови економски конфликти со сојузниците и ривалите, бидејќи тој се надева дека ќе ја елиминира секоја трговска нерамнотежа.
„Одлучив, за фер цели, да наплатам реципрочна такса. Тоа е фер за сите. Ниту една друга земја не може да се жали“, рече американскиот претседател од Овалната соба по потпишувањето на меморандумот.
За секоја земја ќе се прецизираат зголемувања на царините со цел да се започнат нови трговски преговори. Но, и другите земји може да се чувствуваат принудени да одговорат со зголемување на сопствените царини за американските стоки.
Тарифните политики би можеле да му се вратат на Трамп доколку неговата агенда ја зголеми инфлацијата и го запре економскиот раст, што ќе го направи ова скапа одлука.