Претседателот на САД, Доналд Трамп, денот го започна со кампања во државата Мичиген.
Повеќето анкети покажуваат дека демократот Џо Бајден води во државата, која Трамп тесно победи во 2016 година.
Но, Трамп им порача на илјадниците фанови собрани на митингот дека ќе го освои Мичиген, пишува Би-Би-Си.
„Седум дена од денес ќе ја освоиме оваа голема држава Мичиген. Гласот за републиканците е глас за американскиот сон“, рече Трамп.
Претседателските избори во САД се одржуваат на 3 ноември.