Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите за неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во понеделник.
Трамп рече дека тој и Путин разговарале за војната во Украина, но и за Блискиот Исток.
„Разговаравме за Украина, која е војна која не завршува. Постои голема омраза меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски... Но, мислам дека тоа беше позитивен разговор по ова прашање“, рече Трамп, пренесува Би-Би-Си.
Тој рече дека Путин „сака да помогне“ на Блискиот Исток.
„Реков: „Треба да бидете покорисни со тоа што ќе ја завршите војната во Украина. Тоа би било покорисно. Имавме многу добар разговор“, рече Трамп.
-
Трамп: Поретко разговараме со Путин, сака брзо да заврши војната
-
Трамп му нуди помош на Путин за постигнување договор со Украина
-
Трамп предизвика оптимизам кај лидерите на Г7 за крај на војната во Украина
-
Трамп: Русија треба да постигне договор за прекин на војната
-
По Путин, Трамп вели дека војната во Украина е при крај