Американскиот претседател Доналд Трамп номинираше двајца републиканци да ги водат регулаторните агенции кои ја надгледуваат нуклеарната енергија, природниот гас и друга енергетска инфраструктура, објави Агенцијата „АП“.
Дејвид Рајт е именуван за претседател на Нуклеарната регулаторна комисија (NRC), додека Марк Кристи ќе ја води Федералната регулаторна комисија за енергетика (FERC).
НРЦ ги надгледува комерцијалните нуклеарни централи и другите употреби на нуклеарни материјали. FERC го надгледува меѓудржавниот пренос на електрична енергија, природен гас и нафта. Ги испитува и предлозите за изградба на терминали за природен гас, што е приоритет на Трамп.
И двете се независни агенции, но членовите ги именува претседателот и ги потврдува Сенатот.
Рајт доаѓа на местото на Кристофер Хансон, а Кристи го заменува Вили Филипис.