Хрватска продолжува да се соочува со земјотреси. Во раните утрински часови во средата, земјотрес со јачина од 4.2 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Глина, јавуваат хрватските медиуми.
Земјотресот е регистриран во 5.37 минути и е следниот што ги загрижи Хрватите во последните недели и месеци.
Недалеку од Глина, во Петриње, на 9 јануари се случи разорен земјотрес за градот. Од ова време до сега во Хрватска се регистрирани континуирани потреси на земјата.