Земјотрес со јачина од 5.7 степени според Рихтеровата скала во неделата го погоди Тајван, јавува „Анадоли Агенција“.
Земјотресот го погоди округот Таинан во југозападниот дел на Тајван.
Централното метеоролошки биро (CWB) соопшти дека епицентарот, лоциран на 43.9 километри североисточно од центарот на Таинан во градот Донгшан, се случил на длабочина од 7.7 километри (5 милји). Во близина на епицентарот на првиот земјотрес се случи уште еден земјотрес со јачина од 4.8 степени.
Нема извештаи за жртви или материјална штета. Земјотресот со јачина од 6.4 степени во округот Чијаи, пред неколку дена, резултираше со 26 повредени.